Дали полот, возраста, образованието, куповната моќ,
етничката припадност… влијаат врз даночното однесување?

Проблем: o Стандардните мерки за подобрување на доброволното исполнување на
даночните обврски и даночниот морал – како што се реформите во
законодавството и администрацијата не секогаш се доволни. И покрај тоа што
РСМ најчесто се потпира на стандардните мерки за подобрена наплата на
даночните приходи, честопати можат да бидат ограничувачки, технолошки
неприфатливи, скапи или пак да постојат политички бариери во нивното
спроведување.
Препорака:
o Темелното разбирање на човековото однесување, за тоа како индивидуите се
во интеракција со јавните политики и програмите, треба да заземе значајна
улога во јавните политики за даночниот систем со цел да се обезбедат
креативни и ефективни решенија за доброволна и унапредена наплата на
даноците. o Спроведување на нестандардни мерки за подобрување на доброволното
исполнување на даночните обврски и наплатат на даноците кои се темелат
на карактеристиките во човековото однесување кои би помогнале како во
комуникацијата така и во пристапот за подобрување на доброволното
исполнување на даночните обврски и како резултат подобрена наплата на
даноците.

Повеќе на следниот линк.