Центарот за економски анализи во соработка со општина Сопиште на 07.09.2018 година (петок) организираше јавен форум за локален економски развој во општина Сопиште како дел од проектот Зголемување на моќта на граѓаните во нивното влијание на локалните политики во општина Сопиште финансиски поддржано од Фондација Отворено Општество Македонија.

Јавниот форум беше организиран во два чекори каде за таа цел беа информирани граѓаните на о.Сопиште преку дистрибуирани флаери и постери прикачени во локалната малопродажна мрежа и јавни објекти.

Чекор 1: Тематски дискусии во помали групи (фокус групи) – граѓаните дискутираа на 3 различни теми претхдно дефинирани како клучни приоритетни области при спроведување на анкетниот прашалник и тоа:

  • Инфраструктура – транспортна, комунална и енергетска;
  • Урбанизам и урбанистичко планирање и развој на туризам и
  • Буџетски процес и ефикасност на јавна администрација.

Чекор 2: Јавна дебата – преку интеракција на локалнта власт и граѓаните се овозможи идентификување на клучните предизвици за досегашните реализирани активности во делот на економскиот развој на општината како и беа покренати актуелни прашања за идентификување приоритетни области за унапредување на економскиот развој на општината.

41495201_1959177664379427_2259378859004657664_n 41530640_325172984710735_3216958009674563584_n 41532812_345137839362792_8875994502133710848_n 41545286_1069823209865881_8077239582757748736_n 41550003_328267274399309_6188787770316554240_n 41658079_2197994053771336_6666467238339411968_n