Центарот за економски анализи во соработка со општина Сопиште на 07.09.2018 година (петок) организираше јавен форум за локален економски развој во општина Сопиште како дел од проектот Зголемување на моќта на граѓаните во нивното влијание на локалните политики во општина Сопиште финансиски поддржано од Фондација Отворено Општество Македонија.
Јавниот форум беше организиран во два чекори каде за таа цел беа информирани граѓаните на о.Сопиште преку дистрибуирани флаери и постери прикачени во локалната малопродажна мрежа и јавни објекти.
Чекор 1: Тематски дискусии во помали групи (фокус групи) – граѓаните дискутираа на 3 различни теми претхдно дефинирани како клучни приоритетни области при спроведување на анкетниот прашалник и тоа:
- Инфраструктура – транспортна, комунална и енергетска;
- Урбанизам и урбанистичко планирање и развој на туризам и
- Буџетски процес и ефикасност на јавна администрација.
Чекор 2: Јавна дебата – преку интеракција на локалнта власт и граѓаните се овозможи идентификување на клучните предизвици за досегашните реализирани активности во делот на економскиот развој на општината како и беа покренати актуелни прашања за идентификување приоритетни области за унапредување на економскиот развој на општината.