Извештај од мониторингот врз институциите во областа на хидролошката дејност

Недостатокот и неодговорноста на надлежните институции да ја надгледуваат работата на правните субјекти кои стопанисуваат со водните тела е главен предизвик за ефикасно да се спроведува хидролошки мониторинг и мониторинг на квалитетот на вода. Недоволно развиениот и воспоставен мониторинг, особено на природните езера, се должи и на незаинтересираноста на државните институции и слабото лобирање да ѝ се даде приоритет на оваа област во креирањето на јавните политики и зголемувањето на финансиските средства.