Загрижува што и новата Влада продолжува со програма за економски раст која е палијативна, ги следи стратешките трендови на државно субвенциониран раст од парадигмата на претходната Влада и не ги адресира вистинските проблеми за креирање на амбиент за ефикасна пазарна економија.

Подолг временски период носителите на политики во Република Македонија водат импотентна „дебата“ за економскиот раст и за „столбовите на раст“ на државата, со што го фетишизираат растот на Бруто домашниот производ (БДП) и го губат фокусот за целите на развојот на државата. Оваа „фетиш-дебата“ е всушност плодна почва за политичките елити за кои продажбата на краткорочниот фетишизиран економски раст на нивните клиенти и гласачи всушност не само што не им носи ништо добро на долг рок на граѓаните на Република Македонија туку го подјадува и долгорочниот развој на државата.

Во тој контекст, Македонија се повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија, а тоа го нарушува нивниот здрав развој и пристапот до квалитетно образование, јазот на нееднаквоста се шири, младите се со највисока стапка на невработеност и затоа најчесто одлучуваат да ја напуштат земјата. Поради тоа, сметаме дека Владата треба да ја прилагоди својата агенда од економски раст кон реалните потреби на граѓаните за поквалитетен живот, среќа и задоволство од животот.

Целосната статија може да ја прочитате на следниот линк.