Нивото на даночната транспарентност, како елемент од
целокупната фискална транспарентност на општините во
Северна Македонија, според достапноста на документите,
информациите, прегледите и анализите поврзани со даночниот
систем на локално ниво, бележи потреба за општо
унапредување на целокупниот процес. Кај општините во РСМ
постои простор за унапредување на даночната транспарентност.
Општините во Северна Македонија препорачливо е да ги
унапредат напорите за најпрво информирање и известување на
граѓаните за посебните локални даноци, обврските и правата кои
произлегуваат од регулативата, потоа објавување,
обелоденување на податоци, информации и прегледи за
буџетските проекциите за даноците, и реализацијата како и
објаснувања за проекциите и реализацијата и за импликациите.
Подобрувањето на системот за оданочување кон фер,
транспарентен и ефикасен систем е од суштинско значење за
ефективно оданочување и добра информираност на јавноста и
за градење на доверба од страна на даночните обврзници.

Прочитајте повеќе во Документот за јавни политики.