Клиент: USAID Проект за деловно опкружување и Народна банка на Република Македонија

Приватните трансфери до земјите во развој пораснаа драстично во последните две децении и претставуваат голем потенцијал за помош во економскиот раст и развој. Македонија е мала економија со голема дијаспора и добива голем број на приватни трансфери. Оценувањето на економските влијанија на приватните трансфери во оваа студија започнува со современа проценка на недостатоците и предностите на приватните трансфери во економијата. Прегледуваме клучни дебати во врска со економијата на емиграцијата и приватните трансфери и заклучоците донесени досега во литературата. Извештајот завршува со препораки за иницијативи кои може да се превземат за да се зголеми знаењето и разбирањето за приватните трансфери и нивните позитивни економски ефекти врз Македонија, да се зголеми протекот на приватните трансфери и нивното распоредување на начин што поддржува раст и развој, да се засилат врските со заедниците од дијаспората и да се координираат активности за донатори.

Студија English