Tax Freedom Day / Денот на даночна слобода, е симболичен датум во годината кога просечен даночен обврзник престанува да “работи” за да го полни државниот трезор и почнува да заработува за “себе”.
Оваа 2020 година сме “работеле” 130 дена за државната каса, а 10 дена помалку во споредба со претходната 2019г.
16.2% од годишната заработка на просечен граѓанин во 2020г. оди во државната каса за ДАНОЦИ
9.4% од годишната заработка на просечен граѓанин во 2020г. оди  во државната каса за ПРИДОНЕСИ
Оваа 2020 година очекувањата за прибирање на јавните приходи се значително намалени како резултат на очекуваниот  надолен економкски раст .