Центарот за економски анализи, и покрај предизвиците со пандемијата, имаше успешна измината 2020 година, исполнета со напори за обновување на демократските стандарди и вредности во Северна Македонија. Преку својот ангажман, ЦЕА влијаеше на подигнување на свеста за потребата од учество на јавноста, влијаеше за подобра ефикасност на јавниот сектор и работеше во насока за покомпетентно и кредибилно граѓанско општество и поконкурентно деловно опкружување.
Преку истражувањата, мониторингот и препораките за политиките што ги даваме, и во согласност со нашата мисија, ние се обврзуваме да доставиме навремени, квалитетни и релевантни анализи кои ќе бидат од социјална и економска корист и ќе поттикнат околина што носи подобро управување , транспарентност и задоволително владеење на правото.
Погледнете ја палетата на нашата работа за изминатата година во годишниот Newsletter 2020.