Во рамките на Проектот Оценка и насочување на потенцијалите на Иницијативата Отворен Балкан, ЦЕА подготви макро проекција на ПОТЕНЦИЈАЛНИ МАКРОЕФЕКТИ ОД КОХЕЗИОНИТЕ ПОЛИТИКИ НА ЕУ за СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Примарната цел на оваа под-задача е да се проценат можните ефекти од фондовите на кохезионата политика, во скратување на периодот на конвергирање на Северна Македонија кон ЕУ.

Нашата намера е да укажеме дека со тоа што како земји од ЗБ кои сме надвор од ЕУ за да го достигнеме просечниот БДП по глава на жител на ЕУ-27 ќе бидат потребни речиси 70 години, наспроти можноста да ги искористиме потенцијалните кои ги нудат различните фондови на кохезионата политика на ЕУ (што имплицира статус на полноправна земја-членка), и за колку може да се скрати периодот на конвергенција.

Проектираните резултати за приближување кон денешниот БДП по глава на жител на ЕУ може да потраат значително повеќе од четири децении.

Изразено во број на години за да се достигне прагот од 90% од денешниот просечен БДП по глава на жител во ЕУ разгледавме три сценарија за Северна Македонија и времето кое е потребно да конвергирање кон ЕУ и според тоа ќе биде потребно:

  • Историско сценарио: 61 година
  • Основно сценарио: 40 години
  • Сценарио со пристап до кохезиони фондови: 36 години

 

Просечен ЕУ 2022 БДП /

Сценарио

50% 90% 100%
Историско/години 37 61 67
Основно/ години 25 40 44
Со пристап на КФ / години 22 36 39

Целосниот извештај достапен на англиски јазик:

ENG: RAPID MACRO-FORECAST: POTENTIAL MACRO-EFFECTS OF COHESION POLICY – NORTH MACEDONIA