Предлог-буџетот за 2018 година, кој е предмет на анализа во овој документ, е усвоен од страна на
Владата на 37-та седница, одржана на 9 ноември 2017 година.

Заедно со Предлог-буџетот, Владата ја донесе и Фискалната стратегија за 2018 ‒ 2020 година, со задоцнување од 5 месеци во однос на законски утврдениот рок, 31 мај 2017 година. Таа е доставена до Собранието на Република Македонија како придружен материјал на Предлогбуџетот за 2018 година наменет за информирање на пратениците. Фискалната стратегија во континуитет се носи многу подоцна од утврдениот законски рок. На пример, Фискалната стратегија 2017 ‒ 2019 е донесена во октомври 2016 година.
По утврдувањето на стратешките приоритети, Владата изготвува Фискална стратегија,како среднорочна фискална рамка за период од три години, која ги дефинира насоките и целите на фискалната политики и ги утврдува износите за главните категории на проценетите приходи и одобрените средства за тој период.
Бидејќи Фискалната стратегија е донесена со задоцнување, не може јасно да се утврди кои стратешки
приоритети се следени при изготвување на Предлог-буџетот, имајќи предвид дека документот е
неопходен при изготвување на Буџетскиот циркулар, кој, пак, треба да ги утврди лимитите за секој
буџетски корисник.

Целосната анлиза е достапна на следниот линк АНАЛИЗА НА ПРЕДЛОГ-БУЏЕТОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2018