Оваа публикација е резултат од истражувањето подготвено од г-дин Дениз Селмани под менторство на Центарот за економски анализи – ЦЕА.

Целта на истражувањето кое го спроведува Центарот за Економски Анализи (ЦЕА) и Иницијативата за Развој и Инклузија на Заедниците (ИРИЗ), е да се направи преглед и да се анализираат политиките за социо-економско вклучување на Ромите во РМ преку отстранување на пречките за развој на претприемништвото. Во истражувањето се опфатени претприемачи кои имаат формален бизнис (регистрирано правно лице) и неформален бизнис (не регистрирано правно лице) од десет општини во Македонија каде статистички има најголем број на припадници на ромската заедница. Во истражувањето се вклучени претприемачи припадници на Ромската етничка заедница (претприемачи Роми) и претприемачи од другите етнички заедници во Македонија (претприемачи не-Роми).

Целосната публикација е достапна на следниот линк.

Оваа публикација е овозможена со поддршка на Open Society Foundation – Будимпешта во рамките на проектот Политики за претрпиемништво за надминување на другоста кај Ромите имплементиран од страна на Центарот за економски анализи и Иницијатива за развој и социјална инклузија -ИРИЗ.