Клиент: USAID Проект за деловно опкружување

Со цел да ја поддржат централната и локалната власт во процесот на фискална децентрализација и зајакнување на општинските капацитети за фискален и финансиски менаџмент, Проектот за деловно опкружување и поранешниот Проект за децентрализација на УСАИД, кој заврши во јуни 2007, започнаа заедничка соработка. Главна задача на оваа соработка беше успешно изработување на модели на кредитен рејтинг за четирите (4) пилот-општини (Велес, Струмица, Струга и Битола). Стратешка цел на оваа соработка е подобрување на кредитната способност и финансиската состојба на општините во Македонија. Во рамките на оваа соработка беше склучен договор за давање експертска поддршка од независен консултант преку ЦЕА, која се состои од подготвување на Microsoft Excel модел за проценка на кредитната способност на локалните самоуправи во Македонија, кој исто така е дел од оваа публикација. За повеќе информации може да ги погледнете прирачникот, анализата за Струмица и анализата за Велес.