Даночниот морал во Република Северна Македонија: Анализа на факторите на даночниот морал
Прашањата поврзани со даноците секогаш предизвикува дебата и секогаш постојат разлики во мислењата за тоа: Која е филозофијата на данокот и оданочувањето? Кој и колку треба да плаќа даноци? Дали суштината е прибирање на јавни финансии или пак суштината на даноците е редистрибуција на приходите? Дали даноците се собираат за корекција на недостатоците на функционирање на пазарите и/или пак за промена на однесувањето на економските агенти? Дали постои фер износ или фер стапка на даден данок? Дали данокот е само правна обврска или пак во себе има и морална димензија?
Даночниот морал подразбира доброволно почитување на даночните закони и создавање социјална норма на одговорност кон исполнување на даночните обврски од страна на даночниот обврзник.
Република Северна Македонија, собира околу 17% од БДП во даночни приходи, споредено со земјите од ЕУ каде што овој сооднос е 25-50%.
Многу земји во развој се соочуваат со низа предизвици за зголемување на приходите кои вклучуваат мала даночна основа/база, значителен неформален сектор, слабо управување, слаб административен капацитет, ниски приходи по глава на жител, ниски нивоа на домашни заштеди и инвестиции и избегнување на плаќање на даноците.
Нашата анкета направена за ова истражување покажа дека за 5% од македонските даночни обврзници е потполно прифатливо доколку се има шанса да се мами за даноците, за дополнителни 5% донекаде е прифатливо мамењето кај даноците . За 65% воопшто не е прифатливо мамењето во даноците, а за уште 20% до некаде е неприфатливо. И после 20 години степенот на прифаќање на мамењето на даноци како морален аспект на ниво на држава е непроменет.
- Поединците кои изразуваат доверба во својата влада покажуваат повисок степен на даночен морал од оние што немаат доверба.
- Поголема фискална дисциплина ќе придонесе кон довербата во фискалните власти што ќе влијае позитивно на даночниот морал.
- Различното толкување на законите, честата промена на легислативата, недоследната примена на законите, или воопшто нарушеното владеење на правото, може да доведе до намалување на даночниот морал и до намалена доверба дека јавните средства ќе бидат ефикасно искористени.
Даночниот морал и доброволното исполнување на даночните обврски се корелирани со довербата во институциите и ефективната комуникацијата со граѓаните. Детерминантите за даночниот морал во РС Македонија се силно поврзани и зависни од:
- Степенот на довербата во владата, администрацијата и правниот систем – владеење на правото
- Начинот и степенот на двонасочна комуникација помеѓу даночните власти и граѓаните како и нивното ефективното учество во носењето на одлуките -функционална демократијата
- Транспарентноста и отчетноста на системот за јавни финансии вклучително и фискалната дисциплина
Целосната студија на следниот линк:
Даночниот морал во Република Северна Македонија: Анализа на факторите на даночниот морал
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствено одговорност на авторите и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.
Оваа публикација е изготвена во склоп на Проект за даночна одговорност – кон граѓанска одговорност и одговорни даноци
Бриф: Кои се детерминантите за даночен морал: институционални фактори