На 8/8/2017 година во Куманово се одржа Завршен настан на проектот на кои беа дискутирани наодите, целокупните постигнувања, отворените прашања за општествено вклучување на младите преку пазарот на труд од СИП регионот.

Присутните на средбата преку координаторите на проектот од ЦЕА и ФФРМ се запознаа со анализите и наодите како и постигнувањата во изминатиот период. Исто така свое обраќање имаа претставници на општините Крива Паланка, Липково и Старо Нагоричане, преку раководителите за локален економски развој, како и раководителот на Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Искуствата со менторирање и научените лекции преку поддршка на платено практично учење во регионот преку деловниот сектор беа споделени со учесниците преку менторите како и практикантите.

Истовремено, беше претставен и предлог стратешки документ за општествено вклучување на младите од регионот преку пазарот на труд, изготвен во рамките на овој проект, кој ќе остане на засегнатите страни како водилка за унапредување на можностите на младите во овој регион.

Целосното соопштение е достапно на следниот линк:

Соопштение