ЦЕА се приклучи во кампањата за застапување и лобирање во областа на животната средина, односно против непочитување на владеењето на правото и корупцијата при управувањето со природните ресурси.
Кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сé“, која ќе трае во текот на следната година, ќе се фокусира на два специфични проблема: (1) управувањето со водните ресурси (како да се користи и заштити водата) и (2) инспекцискиот надзор против прекумерното искористување на природните ресурси (минерални суровини, шуми, почва и вода). „Разбистри сé“ има за цел да се подигне свесноста на граѓаните за овие проблеми и да се зголеми влијанието за носење или промени на јавните политики.
Листа на учесници во Алијансата за застапување и лобирање
Кампањата „Разбистри сé“ се реализира како дел од проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје, а го спроведува Институтот за комуникациски студии.