- Во согласност со регионалниот преглед на испитаниците според типот на ЕЛС (урбана/рурална), 42 % од испитаните ГО се регистрирани во урбана ЕЛС и се од Скопскиот регион.
- Граѓанските организации со седиште во рурална ЕЛС дејствуваат на локално ниво, имаат мал човечки капацитет, мал буџет и се слабо вмрежени со други организации. Оттука, може да заклучиме дека малиот одзив на организациите регистрирани во рурални ЕЛС е последица на ограничените можности за вмрежување, слабата информираност и немотивираност за активно работење поради високата концентрација на донаторите во Скопскиот регион.
- Според географското подрачје на дејствување на ГО, најголем дел од ГО или 42 % дејствуваат на национално ниво, а најмал дел или 8 % дејствуваат исклучиво во општината во која се регистрирани.
- Бројот на ГО што не располагаат со буџет или нивниот буџет изнесува 0, во 2015 година во однос на 2014 година, се намалува.
- Најголем дел од ГО имаат ниски приходи и нивниот буџет се движи до 1 милион денари годишно.
- Во 2015 и 2016 година се намалува бројот на ГО што имаат ниски приходи, но истовремено се намалува и бројот на ГО кои имаат високи приходи, што укажува на тоа дека приходите на ГО се распределени во категориите од 1 милион до 10 милиони денари.
- Средствата од странските донатори се најмногу застапени во годишните сметки на ГО (над 80 %) и нивното учество во вкупните приходи на ГО во периодот од 2014 до 2016 година се зголемува.
- Средствата од централната и од локалната власт заземаат најмало учество во годишните сметки на ГО, а тие во 2015 година се намалени во однос на претходната година, додека во 2016 година учеството останува непроменето.
- Процентуалното учество на средствата од самофинансирачки активности останува непроменето со текот на годините и изнесува 7 %.
Целосното истражување е достапно на следниот линк: За што се наменети средствата на граѓанските организации во Македонија?
Оваа публикација е овозможена со поддршка на CIVICA MOBILITAS во рамките на проектот „Фискална децентрализација за подобар регионален развој на граѓанското општество“ имплементиран од Центарот за економски анализи.
„Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Центарот за економски анализи и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на CIVICA MOBILITAS, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.“
Другите автори се должни да го наведат ова истражување ако е користено или ги информирало за нивните истражувања и публикации.