Македонија бележи назадување во владеењето на правото во последните години, но овие движења не се неочекувани, имајќи ја предвид долгата политичка криза која на површина го исфрли селективното спроведување на правото во подолг временски период.Владеењето на правото треба да овозможи амбиент за ефикасна пазарна економија, за економски раст и развој, а системот на јавни финансии треба да почива на транспарентни процедури и правила, со цел да се намали можноста од дискрециско водење политики.
Неодамнешниот случај на толкувања одредби од Законот за данок на додадена вредност (ДДВ) и обидот за нивна примена врз физички лица во услови на недостаток на правила и процедури, при иста даночна база и правна инциденца, е пример за недостиг од и/или нарушување на владеењето на правото.
Погледнете го брифот за политиките на оваа тема, подготвен од Центар за економски анализи – ЦЕА заедно со Finance Think – Институт за економски истражувања