Центарот за економски анализи заедно со уште 89 организации од граѓанскиот сектор, ја поддржаа иницијативата да се запре избрзаното воспоставување на Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор.
Здружените организации побараа од Владата:
· Да го запре процесот за избор на претставници од граѓанското општество во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор;
· Да направи измени и дополнувања на донесената Одлука за формирање на Советот; и
· Да отвори консултативен процес со претставниците на граѓанските организации, во кој различните мислења и ставови за Советот ќе бидат земени предвид и усогласени согласно споредбените искуства и практики.
Целта на оваа заедничка изјава, е повторно да се афирмираат заложбите на граѓанските организации во контекст на донесената одлука за формирање на Совет, но и да се информира Владата дека долупотпишаните организации, нема да учествуваат во процесот на избор на членови на Советот од редот на граѓанските организации
Причините за оваа одлука се следни:
· Процесот на подготовка и усвојување на Одлуката не беше пропратен со соодветни и ефективни консултации со чинителите од граѓанското општество.
· Во Советот е предвидено мнозинство на државни претставници, наспроти претставници на граѓанските организации што е спротивно на добрите меѓународни практики.
· Предложеното ниво на државни службеници не е во согласност со добрите меѓународни практики каде членовите во ваквите тела имаат раководни позиции и одлучувачки надлежности кои ќе обезбедат спроведување на предлозите на Советот
· Предвидената постапка и начинот на спроведување на изборот на членовите на Советот од редот на граѓанските организации, со куси рокови, непрецизирани технички детали и без механизам за надгледување на процесот од страна на самите граѓански организации, го доведуваат во прашање фер изборот на членовите на Советот.
· Постојното општествено-политичко опкружување е изразено неповолно за формирање тело со ваков карактер и значење и предлагаме негово воспоставување во политички стабилна ситуација..
Целосната изјава може да ја видите тука