Во август 2007 година претставници на ЦЕА, во соработка со холандски експерти, успеаја да подготват оперативна верзија на макроекономски модел за македонската економија (по примерот на моделот за финансиско програмирање, кој го користи ММФ). Основната намера на ЦЕА е преку постојано усовршување и ажурирање на ЦЕА макро моделот, да ги употреби неговите потенцијали за подобрување на квалитетот и дисциплината на јавната дебата за макроекономските теми. Преку моделот, ЦЕА ќе ја оценува конзистентноста на економските иницијативи на политичките партии, како и цената која мора да се плати за нивната примена.

Соопштение