Транспарентност ЕЛС во РСМ низ годините – види ТУКА
Целосен ЦЕА извештај: ФИСКАЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ КАЈ ОПШТИНИТЕ: Буџетска и даночна транспарентност 2023/2024.
Подготовката на извештајот за фискална транспарентност за 2022/2023, е овозможен со поддршка на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
Индекс на буџетска транспарентност на ЕЛС во 2023-2024
Транспарентноста кај општините во РСМ повторно бележи тренд на подобрување. И во 2023/2024 се бележи општо унапредување, и споредено со претходната година кај повеќе од третина од ЕЛС има подобрување кај ЦЕА индексот на буџетската транспарентност.
Даночна транспарентност на ЕЛС 2023-2024
И кај интензитетот на даночната транспарентност на ЕЛС за 2023/2024, исто така се бележи подобрување, но со значителен простор за подобрување во редовноста и целосноста во обелоденување и достапноста на документи поврзани со локалните даноци.