Во рамки на проектот Оценка и насочување на потенцијалите на Иницијативата Отворен Балкан-ОБИ, поддржан од Фондација Отворено Општество, Центар за економски анализи-ЦЕА заедно со Стопанската Комора на РСМ оранизираа работна средба на 26/06/2023.  

Оваа тема е од интерес за бизнис заедницата и нашиот тим на експерти затоа органзира работен состанок со претставници од бизнис заедницата за подетално разбирање на потребите, а имајќи го во предвид амбиентот кој го креира имплементацијата на потпишаните договори од Иницијативата Отворен Балкан.

На средбата беа презентирани резултатите од мапирањето на соработката и координацијата помеѓу државите од Отворен Балкан како и на анализата на територијалните предизвици, потребите и потенцијалите на земјите од Западен Балкан. Исто така, тема на истражување во перидот кој следи е можниот административен јаз кој потенцијално ја намалува ефикасноста на постигнување на целите на Иницијативата Отворен Балкан за бизнис заедницата во текот на имплементација на договорите кои се произлезени од Иницијативата Отворен Балкан, за што беше дискутирано на работната средба.

Презентирани материјали (линк): 

СКРИНИНГ НА ИНИЦИЈАТИВАТА „ОТВОРЕН БАЛКАН“ – АНАЛИЗИ НА ЗЕМЈИТЕ

АНАЛИЗА НА ТЕРИТОРИЈАЛНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ, ПОТРЕБИ И ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ШЕСТЕ ЗЕМЈИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН: ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД