Според годишниот извештај на 2020 Global Go To Think Tank Index Report кој се изработува од University of Pennsylvania, Центарот за економски анализи-ЦЕА е на 37 место глобално од вкупно 75 тинк тенкови (истражувачки центри) и единствена од Северна Македонија измерена по сигурност на квалитетот на нашите производи и интегритетот на нашите политики и процедури.
Исто така, ЦЕА е рангирана во најдобрите тинк-тенкови за домашна економска политика за 2020 година, како и во најдобрите независни тинк-тенкови за 2020 година.
Прочитајте повеќе во Годишниот извештај 2020 Global Go To Think Tank Index Report.