Центарот за економски анализи го изнесува својот став за барањата од страна на единиците на локална самоуправа (ЕЛС) на Република Македонија за генерирање на долг кој би бил евентуално покриен од централната власт за да бидат покриени неплатените обврски кои општините и јавните претпријатија при ЕЛС ги имаат генерирано.
Ставот на ЦЕА е дека ваквиот инструмент води кон:
1. натамошно еродирање на правната држава.
2. одржување на заробеноста на државата.
3. синдикализирање на трошоците од неодговорно работење на избрани и именувани функционери.
Затоа, барањата на ЦЕА се следни:
a. Владата во рамките на Ревизорскиот Комитет кој е формиран во 2007 година да направи соодветна анализа за состојбата, причините, структурата, финансиските и економските ефекти од неплатените обврски од страна на ЕЛС и да ја детектира одговорноста која мора да биде индивидуализирана
b. Министерството за финансии во рамките на ревизорскиот Комитет кој е формиран 2012 година да направи соодветна анализа за состојбата, причините, структурата, финансиските и економските ефекти од неплатените обврски од страна на ЕЛС и да ја детектира одговорноста која мора да биде индивидуализирана
c. ДЗР активно да соработува и да изготви сумарен извештај за оние ЕЛС кои биле субјект на ревизија за тоа кои биле наодите и препораките, а во директна или последователна врска со неплатените обврски, потоа дали било постапено по препораките, кои ЕЛС не постапиле по препораките и зошто.
d. Јавното обвинителство да покрене истрага по овие анализи и таму каде има основано сомневање за кривични дела соодветно да постапи e. Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините да изготви извештај за ситуацијата со неплатените обврски и да даде предлози за подобрување на системот согласно член 15 од Законот за финансирање на ЕЛС.
Деталите и образложението за овој став на ЦЕА можете да го погледнете тука.