Случај: Искуствата и видувањата на граѓанските организации, единиците на локалната самоуправа и јавноста за соработката со граѓанските организации во Пелагонискиот регион
- Генералната перцепција на граѓаните е дека најголем дел од нив знаат што претставува граѓанска организација и имаат негативен став за работата на граѓанските организации, но, од друга страна, голем дел од граѓаните не можат да именуваат ниту една граѓанска организација и немале средба со граѓански организации. Оттука, генералниот заклучок е дека е потребно да се популаризира значењето, работата и улогата на граѓанските организации во Македонија.
- 60 % од граѓаните од градските подрачја се изјасниле со негативен став за работењето на ГО наспроти 24 % од граѓаните од приградските подрачја.
- Шест од дваесет ГО сè уште не оствариле соработка со други ГО во потесна смисла (остварување заеднички цели преку партнерства за заедничко аплицирање и спроведување проектни активности, организирање и спроведување истражувања и изработка на документи за јавни политики во областа на дејствување на ГО со цел поефективно застапување), една ГО воопшто не соработува со други ГО, а истата соработува со ЕЛС. Другите ГО редовно аплицираат и работат на заеднички проекти, истражувања и учествуваат во креирањето јавни политики заедно со други ГО.-
- Кај повеќе од половината од интервјуираните граѓански организации, како главен предизвик за меѓусебната соработка се наведуваат: недостатокот на развиени човечки капацитети за остварување квалитетна соработка (во помалите организации проблем е дури непознавањето на англискиот јазик и на основните технички вештини потребни при аплицирање), како и немањето простор за работа.
- Сите општини од Пелагонискиот плански регион досега имаат остварено некаква форма на соработка со ГО.
- Осум од девет општини во Пелагонискиот плански регион ценат дека соработката со ГО има позитивно влијание врз заедницата во регионот.
- Општините ценат дека капацитетите и професионалноста на поголем дел од ГО кои се регистрирани во рурални општини се релативно слаби, што ја отежнува можноста за соработка. Најчестата соработка на руралните единици на локалната самоуправа со ГО се остварува преку локалните акциски групи (ЛАГ) со ГО регистрирани во урбани општини кои имаат поголем капацитет.
Целосното истражување едостапно на следниот линк: Соработката како фактор за развој на граѓанските организации
Оваа публикација е овозможена со поддршка на CIVICA MOBILITAS во рамките на проектот „Фискална децентрализација за подобар регионален развој на граѓанското општество“ имплементиран од Центарот за економски анализи.
Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Центарот за економски анализи и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на CIVICA MOBILITAS, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.“
Другите автори се должни да го наведат ова истражување ако е користено или ги информирало за нивните истражувања и публикации