Целта на ова соопштение, како и досегашните анализи и информации кои ги презентира Центарот за економски анализи –ЦЕА претставува независно и темелно да информира за ризиците кои постојат по јавните финансии во Републиката, а чиј што интензитет и веројатност за настанување се зајакнуваат со последните најави за илјадници вработувања, трансфери од централниот буџет, зголемувања на плати за дел од јавниот сектор и слично. Ова е уште поважно ако се земе предвид дека последните мерки и активности кои се најавуваат за имплементација не беа предмет на дебата, партиципативост или интегрираност во буџетскиот процес на Републиката.

Линк – Соопштение за јавност