Здравство

  • Бројот на здравствени медијатори за 2017 е намален и значително изостанува од планираниот таргет за ангажирани 30 медијатори до 2020 година
  • Во рамките на организирање на обуки за здравствените медијатори, индикаторот делумно е исполнет, и реализацијата на предвидениот таргет од 10 обуки до 2020 постои веројатност да се исполни доколку со забрзано темпо се ангажираат нови медијатори и поминат низ дополнителен циклус на обуки
  • Во делот на индикаторот за смртност на доенчиња постои значително подобрување во односот на базната година, сепак во 2017 година истата изнесува 6,5 ‰.
  • Буџетските средства во Министерството за здравство за поддршка на имплементацијата на Стратегијата не се реализираат целосно веќе неколку години. Процентот на реализација е 57%, при што постои можност да се ангажираат здравствени медијатори и во другите општини со ромско население
  • Постои потреба од ангажирање на ромски персонал во болниците, имајќи во предвид дека голем број млади беа стипендирани од страна на Ромскиот Едукативен Фонд завршија високо образование

Rom_zdravstvo_updated

 

Овој визуелен приказ е подготвен во рамки на проектот Civil Society for Roma Integration – In the Shadow / Граѓанското општество за интеграцијата на Ромите – Во сенка, спроведуван од ЦЕА и Ромалитико. Проектот е поддржан со грант од Институт Фондација Отворено Општество во соработка со канцеларијата за Ромски Иницијативи на Фондација Отворено Општество.

Наведените мислења во оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на донаторот.