Домување:
- Значаен дел од мерките зависат од можностите на граѓанскиот сектор но, и од донаторски средства, посебно во делот на легализација на домовите, што го прави процесот неорганизиран, тешко следлив, и креира опкружување со недостаток на одговорност за (не)спроведувањето.
- Нема јасно утврдени правилници и критериуми за распределба на наменските капитални дотации до ЕЛС според потпрограмата за имплементација на стратегијата на Ромите во надлежност на МТВ и покрај наодите на ДЗР кои укажуваат на потребата од подзаконски акт
- Недостаток на проактивно и однапред идентификување на приоритетни инфраструктурни/ комунални приоритети на ЕЛС
- Неефикасно користење на јавните ресурси од заеми кои генерираат трошоци во буџетот преку камати долгорочно
- Недостаток на дата база за социјална инклузија според стратегијата и редовно ажурирање на дата база која се однесува на интеграција на Ромите во РМ, доделена на НКТ каде ќе се прибираат информации на национално но и од локално ниво
Овој визуелен приказ е подготвен во рамки на проектот Civil Society for Roma Integration – In the Shadow / Граѓанското општество за интеграцијата на Ромите – Во сенка, спроведуван од ЦЕА и Ромалитико. Проектот е поддржан со грант од Институт Фондација Отворено Општество во соработка со канцеларијата за Ромски Иницијативи на Фондација Отворено Општество.
Наведените мислења во оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на донаторот.