• Стапката на реализација на буџетот за 2017 година изнесува 68%(од планирани 51,46 мил МКД, реализирани се 35,22 мил. МКД). Најголема вредност од реализираниот буџет за 2017 година се реализира преку буџетскиот корисник – Министерство за труд и социјална политика.
  • Утврден е системски недостаток на адекватни системи за следење на успешноста (и во делот на буџетирање – performance budgeting и во имплементација performance measurement) се уште постои потреба од воспоставување на систем за следење на степенот на имплементација на стратегијата од аспект на постигнувањата и исходите.
  • Кај сите приоритетни области за кој е изготвен НАП, недостасува адекватен систем на следење на постигнувањата. Најпрво ограничувањето е резултат на недостаток на секогаш мерливи и споредливи појдовни индикатори (baseline),  а онаму каде постојат временската рамка не е јасно утврдена, па оттука и мерењето на постигнувањето е отежнато.
  • Непостоење на систем на само-следење (мониторинг) и оценка (евалуација), нејасните индикатори во комбинација со недостатокот на извештаи за степенот на реализација на мерките, и не исполнување на улогата на НКТ за иницирање на подготовка на годишни планови проследени со извештаи за постигнувања од претходен период, како и вршење на периодичен мониторинг и евалуација и подготовка на периодични извештаи (и во овој период) претставува пречка за адекватно следење на постигнувањата и реализација на плановите и на стратегијата во целост.
  • Само онаму каде е мерливо во финансиски показатели, реализацијата може да се мери преку реализација на буџетот (потпрограма) што само по себе не претставува мерење на резултат и постигнување туку само инпут индикатор, кој пак нужно не одговора на основните принципи на економичност, ефикасност и ефективност.

 

Budzet

 

 

Овој визуелен приказ е подготвен во рамки на проектот Civil Society for Roma Integration – In the Shadow / Граѓанското општество за интеграцијата на Ромите – Во сенка, спроведуван од ЦЕА и Ромалитико. Проектот е поддржан со грант од Институт Фондација Отворено Општество во соработка со канцеларијата за Ромски Иницијативи на Фондација Отворено Општество.

Наведените мислења во оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на донаторот.