ЦЕА го подготви и третиот(#3) квартален извештај од следењето на работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата – КЗК, за периодот од јули до септември 2020.

_____

Извештајот за третиот квартал покажува дека нема значајно поместување во опсегот на работата на КЗК:

  • Во октомври беше објавен годишниот извештај на Европската Комисија за РСМ, каде повторно се наведува потребата за зголемување на обемот на работа од областа на заштита на конкуренцијата како и за потребата за унапредена транспарентност за државната помош.
  • Во К3 од 2020 година спроведена е една обука за вработените на КЗК, но нема нови вработувања;
  • Во К3 од 2020 година, до КЗК се доставени 4 известувања за државна помош, а истите се одобрени од КЗК, со едно решение за de minimis помош;
  • Решенијата за забранети договори не се објавуваат редовно и се објавуваат селективно, со последна објава од февруари 2018 година;
  • Поради пандемијата со Ковид-19 и економските мерки за помош на деловните субјекти за справување со последиците од кризата, Владата на РСМ побарала Мислење од КЗК за усогласеноста на вториот сет на економски мерки со Привремената рамка за државна помош на ЕУ. Решенијата издадени од КЗК за дозволена државна помош (за ковид-19) се објавени 4 месеци по нивно донесување.
  • Во третиот квартал од 2020 година не е донесено ниту едно решение за забранет договор или злоупотреба на доминантна позиција;
  • До третиот квартал во 2020 година сè уште не е спроведено истражување и/или анализи за состојбите во остварувањето на конкуренцијата на пазарот за сектор;

Погледнете детално: Мониторинг извештај за квартал #3

Подледнете го извештајот за  Транспарентност на државна помош во услови на Ковид-19 во ЕУ и во Северна Македонија