Вчера, на ден 19 јули 2018 година во големата сала на општина Велес се одржа Регионалниот форум: Процесот на децентрализација во Македонија организиран од Форум – Центар за стратешки истражувања и документација – Скопје, Центар за економски анализи – Скопје и Институт за развој на заедниците – Тетово во соработка со програмата Цивика мобилитас.
Форумот беше организиран во 3 панели каде се говореше за политиките за рамномерен регионален развој и успешноста на општините во испорака на нивните законски надлежности и услуги кои ги вршат; (де)централизираниот развој на граѓанското општество во Македонија и соработката на општините со граѓанскиот сектор; местото и улогата на општинските комисии за односи меѓу заедниците и потенцијалите за ревитализација на месната самоуправа.
На форумот беа присутни повеќе од 100 учесници меѓу кои градоначалници на општини, претставници од општинските администрации и граѓанскиот сектор кои имаа можност да дискутираат со панелистите и да поставуваат прашања.
Во вториот панел кој се однесуваше за Децентрализираниот развој на граѓанското општество во Македонија и соработката на општините со граѓанските организации, ЦЕА ги сподели клучните наоди од досегашните истражувања поврзани со темата во кои беа вклучени вкупно 239 граѓански организации.
Свои видувања и искуства споделија и Ајша Муаремоска Топалоска од општина Долнени, Тодор Ефремов од општина Кавадарци, Лилјана Јоноски од Рурална коалиција и Астрит Реџепи од Центарот за едукација и развој.