Институт за демократија “Социетас Цивилис” Скопје (ИДСЦС) во соработка со Центар за Економски Анализи (ЦЕА) отвара Повик за доделување мали грантови на граѓански организации за спроведување на проекти за истражување и мониторинг, во рамки на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази“, финансиски поддржан од Делегација на Европска Унија.
Општата цел на оваа активност е придонес кон доброто владеење во Р. Македонија преку градење на капацитетите на граѓанските организации за мониторинг и анализа на спроведувањето на ПВР. Треба да се земе превид дека ПВР има најголем потенцијал да им обезбеди на засегнатите страни и носителите на одлуки, квалитетни анализи како и простор за консултации кој ги спречува арбитрарните одлуки и овозможува носење информирани одлуки.
Фокусот на оваа активност е зголемување на можностите за активна вклученост на граѓанските организации во ПВР процесот и реформите во јавните политки. Идејата зад ваквиот фокус е да се создаде позитивна средина за вклученост на граѓанските организации и нивните продукти во ПВР процесот.
Грантовата шема има вкупен фонд од 4.305.000 денари (70.000 евра). Максималниот износ по грант изнесува 615.000 денари (10 000 евра). Целосните апликации со пропратните документи во pdf. формат се доставува само по електронски пат на адресата: pankovski@idscs.org.mk (со назнака – Повик за доделување мали грантови – ПВР).
Краен рокот за доставување е 10 декември 2017 година (Недела) 23:59ч.
Целосниот повик со сите услови, формуларот за аплицирање и буџетската рамка се достапни на следните линкови: