Овој извештај претставува преглед на најважните аспекти од процесот на децентрализација во Македонија. Извештајот е поделен во неколку дела. Првиот дел ја разгледува поделбата и назначувањето на надлежностите на единиците на локалната самоуправа, како и проценка на распределбата на надлежностите. Вториот дел се фокусира на приходите на ЕЛС, и тоа видовите приходи, дали се доволни и проценка на ЦЕА во врска со овој дел од децентрализацијата. Понатаму, извештајот ги анализира видовите на меѓувладини трансфери, како и вертикалното и хоризонталното изедначување. Како последно, извештајот разгледува позајмување на ниво на ЕЛС, со детална анализа на сите аспекти на понудата и побарувачката на ЕЛС кредити.

Извештај