Изработката на оваа анализа е во насока на идентификување на клучните потенцијали на Општина Сопиште и можностите за рурален развој на општината. Целите идентификувани во оваа анализа, имаат за цел поттикнување на искористување на потенцијалите со кои располага Општината, но и вклученост на засегнатите страни како што се пред се граѓаните, граѓанските организации бизнис заедницата и потенцијалните инвеститори, кои преку заеднички усогласени активности можат да придонесат Општина Сопиште да биде посакувано место за постојано живеалиште, но и туристичка дестинација за рекреација.
Примарен фокус на оваа анализа во областа на руралниот развој во Општина Сопиште, се мобилизација на севкупните ресурси (природни, просторни, технички, кадровски и др.) кои предвидуваат одржливост и иновативност во руралниот развој на заедницата.
Идентификуваните приоритети на Општината за рурален развој, произлегуваат пред се од перцепциите на граѓаните, но и како дополнување на приоритетите кои самата Општина, ги има идентификувано во своите застарени стратешки документи. Поради тоа, оваа анализа, ќе послужи како основа за обновување на стратешките документи на општината, кои се со помината важност, како што е Стратегијата за локален економски развој, но пред се ќе послужи за изготвување на Стратегија за рурален развој, како и потстратегии и акциски планови кои детално ќе ги разработат потенцијалите на Општината во насока на нејзин рурален развој.
За приоритетите кои се идентификувани во оваа анализа, потребано е детално планирање на активностите со кои ќе се остварат истите, за кои пак, Општината треба да обезбеди финансиски средства. За истите потребно е да се направи детално планирање на изворите на средствата кои се на располагање: Буџет на Општина Сопиште, странски фондови за развој, како и инвестиции од бизнис секторот на капитални проекти кои ќе бидат од општ интерес. Општината има можност да ги разледа и можностите за јавно приватно партнерство во насока на прибирање на фондови за финансирање на проекти кои се од значање на развојот на општината.
Постигнувањето на целите од анализата за рурален развој во Општина Сопиште, претпоставува широка вклученост на заедницата и учество на јавноста во креирањето на политики на локално ниво. Соработката и координацијата на Локалната самоуправа со руралното население и останатите граѓани, е од суштинска важност за целиот процес на рурален развој во општина Сопиште. По изработка на стратешките документи кои ќе се базираат на на оваа анзализа, потребно е да се утврди и начинот на управување и координација на активностите, односно мониторингот на реализацијата на истите. Управувањето и координацијата треба да го насочуваат целиот процес преку застапување на општиот интерес, обезбедување на материјална и друг вид на поддршка, развивање на соработка со институции, организации, правни и физички лица, грижа за постојан напредок на целокупниот процес и како и изготвување на Извештај за постигнатите резултати.
На следниот линк можете да ја пронајдете мини анализата за потенцијалите на економскиот развој на Општина Сопиште со фокус на руралниот развој.