Стимулациите и проектите за привлекување инвестиции и промоција на извозот, се базираат на политики за инвестиции кои освен директни имаат и повеќе индиректни бенефити кои не можат да се квантифицираат, или нивното мерење би било поврзано со повеќе трошоци за прибирање и за анализа на податоците отколку самиот бенефит кој би се добил со нивно прибирање.

Индиректни бенефити Предизвици за реализација на овие индиректни бенефити во Македонија
1.      Позитивни екстерналии во форма на пренесување знаење, нови квалификации и позитивно влијание врз други компании, вклучувајќи ги и домашните компании;

2.      Воведување нови бизнис сектори кои имаат ефект како пилот–проекти, а по чие искуство можат да привлечат други компании, односно ефект на мултипликатор;

3.      Пренесување нови технологии во производството, но и во корпоративното владеење како менаџмент, финансии, што, пак, доведува до унапредување на капацитетите на работната сила за тие технологии да можат подоцна да се пренесат и во други компании, со што домашниот пазар би можел да биде поконкурентен;

4.      Агломерација на бизниси и на кластери во индустријата со што би добиле компаративна предност на национално ниво и хоризонтални и вертикални врски;

5.      Промоција на извозот на национално ниво, бидејќи компаниите во ТИРЗ речиси исклучиво своето производство го пласираат на извозните пазари;

6.      Работа со локални компании кои имаат бенефит преку зголемување на размената како и нивните капацитети.

7.      Потенцијал за брзо преструктуирање на индустриите во регионот и трансформирање на економијата во извозник на стоки и услуги, со што би се интегрирала националната економија во светската економија на поефективен начин, споредено со традиционална трговија.

 

1.       Важните функции (продажба, истражување и развој, маркетинг) со повисока додадена вредност остануваат кај мајката компанија со ограничен пренос во Македонија.

2.       Според извештајот на ММФ во однос на екстерналии од овие зони, се укажува дека извозот (кој е повеќе од третина од вкупниот извоз во 2014 година) е главно базиран на увоз и анегдотски докази укажуваат на лимитирани прелевања на домашните добавувачи делумно и поради нивната неможност да ги исполнат техничките и безбедносните барања за извоз во ЕУ.[1]

Индустриските и зелените зони кои треба да оперираат во согласност со Законот за индустриски зелени зони, кои треба да обезбедат деловни врски и интегрирање на субјектите од ТИРЗ со домашната економија, не заживеаја, а сме во очекување на нов Закон за индустриски зелени зони;

3.      Сè уште сме во очекување на ефектите од поголем обем. Сепак, заминувањето на една компанија токму по 10 години кога истекуваат субвенционираните услови, дава индиции за тоа дека овие инвестиции не се со одржлив карактер;

4.      Ова може да се очекува со изменетиот Закон за индустриски-зелени зони;

5.      Овозможувањето на овие субјекти да ги пласираат своите производи на домашен пазар се воведува до нелојална конкуренција кон домашните производители и се нарушува концептот на државна помош;

6.      Ова може да се очекува со изменетиот Закон за индустриски-зелени зони;

7.      Ова може да се очекува доколку привлекуваме инвестиции во сектори кои веќе се конкурентни и се препознатливи, со цел поголем нивен развој, како, на пример, на прехранбената и на преработувачката индустрија.

[1] Види повеќе: https://www.imf.org/external/pubs/ft/scr/2015/cr15242.pdf