Работилница за плетење и креирање продукти од волна
Центарот за економски анализи во партнерство со Организација на жени ОЗ Визија од Кавадарци во рамки на проектот: Зголемување на вработливоста и подобрување на економската состојба на жените во општеството објавуваат:
ЈАВЕН ПОВИК
до невработени жени од општина Кавадарци за вклучување во активноста: Подобрување на вештините и подготовка на невработените жени од општина Кавадарци за вклучување на пазарот на труд.
Сите заинтересирани невработени жени од општина Кавадарци се повикуваат да земат учество во работилницата за шиење и креириеање текстилни произоводи – ОД КРЕАТИВНА ИДЕЈА ДО МОДНА КРЕАЦИЈА.
Целосниот повик е прикажан подолу.