Центарот за економски анализи (ЦЕА) во партнерство со Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) и во соработка со општините во регионот во рамките на проектот “Создавање можности за вработување на младите од руралните средини” финансиран од Европската унија, организира серија на бесплатни обуки со цел зголемување на капацитетите на младите невработени од руралните средини за поголема вработливост.
Обуките се наменети за сите невработени лица од 20-39 години, од Североисточниот плански регион и тоа општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце и Липково) со посебен фокус на младите невработени од руралните средини.