Регионалниот совет за соработка РСС, во соработка со Владата на Србија и CARE Меѓународен Балкан, организира регионална конференција “Економска (не)зависност на жената Ромка: предизвици и рани причини”. Конференцијата ќе се одржи од 30-31 Октомври 2018 во Белград, Србија. На овој настан ќе учествуваат 50 претставници на влади, претставници на граѓанскиот сектор, меѓународни организации регионот на проширување кон ЕУ.
ЦЕА и Ромалитико го фасцилитираат процесот на селекција на кандидат од Р. Македонија врз основа на доставените пријави и доставена биографија на номинираниот кандидат.
Рокот на пријава за Македонија е 16.10.2018 година (вторник), на емаил: romaintegration2017@gmail.com, со пријава и потпис на кандидатот, печат од граѓанска организација која го номинира и биографија на кандидатот.
Избраниот кандидат ќе биде избран и информиран за селекцијата на 17.10.2018 (среда).
Работниот јазик на конференцијата е на англиски јазик, обезбеден ќе биде превод на сите локални јазици.
Во прилог Ви ја доставуваме, поканата , апликацијата и драфт агендата.