11.02.2016 Граѓанската асоцијација „МОСТ“, Институтот за комуникациски студии, Транспаренси Интернешнл – Македонија, Центарот за економски анализи и Цивил – Центар за слобода, денес потпишаа Меморандум за соработка со цел формирање на транспарентна и инклузивна платформа за соработка и комуникација базирана на Декларацијата за глобалните принципи за непристрасно набљудување и мониторинг на изборите од страна на граѓански организации, како и промоција на заеднички стандарди и начини на однесување во текот на процесот.

Меморандум за соработка

press110222016

Сите организации-потписнички на меморандумот се согласија да соработуваат за да ги штитат правата на гласачите и политичките актери, со строга непристрасност и без дискриминирање, неразумни ограничувања, мешања или заплашувања.