Центарот за економски анализи од Скопје потпиша меморандум за соработка со општина Сопиште за реализирање на проектот: Зголемување на моќта на граѓаните во нивното влијание на локални политики во општина Сопиште.
Проектот: Зголемување на моќта на граѓаните во нивното влијание на локални политики во општина Сопиште е финансиски поддржан од Фондацијата отворено општество од Македонија а имплементиран од страна на Центарот за економски анализи во соработка со општина Сопиште.
Преку имплементирање на проектот се очекува:
- Зголемен степен на информираност на граѓаните во Сопиште за можностите за вклучување во креирање на политиките во локално ниво.
- Зголемена свест на општината за потребата и бенефитите од вклучување на граѓаните и другите засегнати страни во креирањето на политики.
- Поставување на стандарди за јавна дебата меѓу клучни засегнати страни.