Врз основа на искуството и работата со ЕЛС, ЦЕА како партнер во проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите и искористување на ресурсите, идентификуваше низа предизвици и бариери кои се поврзани со системот на администрирање на данокот на имот кај ЕЛС. Овие предизвици директно придонесуваат кон намалена ефикасност во прибирањето на ДИ како и кон јазот помеѓу буџетираните (планирани) и извршените (наплатените) приходи од данок на имот, и искористување на потенцијалот за прибирање на приходите од данок на имот кај ЕЛС.
За да се оценат тесните грла поврзани со административните бариери кои предизвикуваат неефикасност во целокупниот процес на администрирање на данокот на имот (ДИ), направиме преглед на идентификуваните предизвици согласно практичната примена на регулативата и согласно видувањата на ЕЛС, со предлог на области за потенцијални подобрувања/измени во регулаторната рамка, во администрирањето и управувањето со данокот на имот и маргинално со управувањето со фискалните приходи воопшто на ниво на ЕЛС.
Клучните наоди за идентификуваните бариери во администрирањето на ДИ кај ЕЛС во РСМ се:
- Најчеста примена на најниска стапка на оданочување со данок на имот кај најголем број на ЕЛС
- Варијација на уделот на ДИ во сопствените приходи на ЕЛС
- Приходот од ДИ од физичките лица со значително поголем удел
- Варијација на степенот на реализација на планираните приходи од ДИ помеѓу ЕЛС.
- Суштински системски недостатоци во регистрите за недвижен имот што го ослабува даночниот капацитет на општините
- Неможност на примена на меѓу-институционално поврзување за реална и навремена процена на даночната основа
- Методологијата за процена на пазарна вредност на недвижниот имот во пракса е тешко применлива.
- Одложување на процесот на (ре)вреднување на даночната база на долг рок е неповолно
- Разлики во трошоците и приходите за администрирање на данокот на имот кај руралните и урбаните ЕЛС
Целосната анализа со наоди и препораки: Оценка на ефикасноста на тековниот систем за администрирање на данокот за имот