Оглас – Практикант во Граѓански Сектор
Центар за економски анализи (ЦЕА), со партнерите во склоп на проектот Вработување на млади Роми, финансиран од ЕУ преку ИПА ЧР објавува
ОГЛАС
До млади квалификувани невработени Роми од СКОПЈЕ
За практично учење за младите Роми во склоп на Центар за Економски Анализи (ЦЕА) Скопје
Сите заинтересирани млади лица од ромска национална припадност на возраст од 18 – 35 години од Скопје кои се заинтересирани да се стекнат со практични знаења и вештини како практиканти во склоп на граѓанскиот сектор за период од најмногу 2 месеци се повикуваат да земат учество во проектот преку испраќање на Барање (Апликација) до проектот.
Вкупниот број на практиканти кои ќе бидат поддржани во периодот од 15ти јуни 2017 до 14ти декември 2017 преку секоја од организациите кои се партнери во проектот се по 5 практиканти (односно 20 во сите локации).
Целосниот оглас и начинот на аплицирање се достапни на следниот линк
Формуларот за аплицирање може да го превземете овде