Центар за економски анализи (ЦЕА) Скопје, со партнерите Светла Иднина Кочани, Сонце Тетово, Сумнал Битола, во склоп на проектот Вработување на млади Роми, финансиран од ЕУ преку ИПА ЧР објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

До работодавачите за вклучување во активноста

Практиканство за млади Роми

Сите правни лица заинтересирани да им овозможат на младите лица на возраст од 18-35 години од Скопје, Тетово, Кочани и Битола да се стекнат со практични знаења и вештини како практиканти за период од најмногу 2 месеци се повикуваат да земат учество во проектот преку испраќање на Барање (Апликација) до проектот.

Вкупниот број на практиканти кои ќе бидат поддржани во времетраење од 1/06 до 30/11/2017 вкупно за 20 лица.

Целосниот оглас е достапен на следниот линк

Формуларот за аплицирање е достапен на следниот линк