Центарот за економски анализи со дел од партнерските организации (ЗИП Институт – Скопје, Фокус – Велес, Организација на жени – Струмица, Ехо – Штип, Дром-Куманово) волонтираат во продолжување на дел од активностите во рамките на проектот “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес”. Проектот се спроведуваше во партнерство со Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) а беше поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
ЦЕА донесе одлука да волонтира во продолжување на дел од активностите поврзани со мониторинг на трошењата од буџетите на централната власт и локалната власт.
ЦЕА направи анализа на буџетските трошења на централно ниво – анализа на месечните извештаи кои ги објавува Министерството за финансии на РМ за извршување на буџетот, која е во согласност со принципите на фискална транспарентност и мониторинг на оддржливост на јавните финансии, додека организациите извршуваат мониторинг на трошењата на ниво на локална власт.
Целото истражување за трошењата во месец Септември е достапно на следниот линк.