Центарот за економски анализи волонтира во продолжување на дел од активностите во рамките на проектот “Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот процес”. Проектот се спроведуваше во партнерство со Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) а беше поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
ЦЕА донесе одлука да волонтира во продолжување на дел од активностите поврзани со мониторинг на трошењата од буџетите на централната власт.
ЦЕА направи анализа на буџетските трошења на централно ниво – анализа на месечните извештаи кои ги објавува Министерството за финансии на РМ за извршување на буџетот, која е во согласност со принципите на фискална транспарентност и мониторинг на оддржливост на јавните финансии.
Целото истражување за трошењата во месец Декември е достапно на следниот линк.