Миграцијата сама по себе може да влијае на економските индикатори преку подобрување на ситуацијата во пазарот на труд и поддржување на социјална промоција во странство. Еден вид на миграција е таканаречената „излив на мозоци“ или отселување на високообразовани кадри од земјата. Властите може да создадат политики кои ќе го ограничат протекот на овој вид на емиграција и да помогне на високообразованите личности кои се желни за враќање да најдат можности за работа. Добротаргетирани владини политики треба да се базираат на препознатлива мостра на миграциите и нејзините последици, што се уште недостасува во Македонија. Во овој извештај ќе се обидеме да ја анализираме оваа тема и да препознаеме теми кои имаат потреба од подетална анализа. Најпрвин ќе се обидеме да ја процениме големината на миграцијата врз база на неколку бази на податоци. Потоа ќе биде презентиран протокот на мигрантите и мотивацијата зад миграцијата. На крај ќе бидат вклучени можни економски последици од емиграцијата.

Извештај