МЕМОРИРАЈТЕ ГО НАСТАНОТ ВО ВАШИОТ КАЛЕНДАР!

Настанот е поддржан со грант од Фондација институт отворено општество во соработка со OSIFE од Фондацијата отворено општество.

14ти Септември 2017 12:30 – 15ти Септември 2017 14:30

Хотел Александар Палас, Скопје

Инфрмацији за настанот:

Меѓународниот настан “Владеење на правото: Каде се движиме” ќе ги собере претставниците на научната заедница, тинк тенк организациите,, граѓанскиот сектор, како и оние кои ги креираат политиките, со цел утврдување на состојбата за тоа до каде сме денес со владеењето на правото во Европа и во која насока се движиме соистото.. Овие прашања ќе бидат дискутирани во областа на правото, безбедноста и економијата во неколку експертски панели, пленарни сесии и воведни предавања.

Особено внимание ќе се посвети на ситуацијата во Централна и Источна Европа и на ситуацијата во Западниот Балкан. Овој настан е во заедничка организација на Центарот за студии на европски политики (ЦЕПС) од Брисел и Центарот за економски анализи (ЦЕА) од Скопје, со целосна вклученост на пет избрани стипендисти на ENGAGE Програмата. Повеќе дискутанти од повисок профил го потврдија своето присуство, меѓу кои и г-ѓа Наташа Габер-Дамјановска-Уставен судија во Република Македонија, г-ѓа Уранија Пировска- Извршен директор во Хелсиншкиот комитет на Република Македонија и г-дин Масимо Бордињон-Член на Европскиот фискален борд. Целосната програма ќе биде објавена во август 2017 година.

Информација за стипендијата на ENGAGE Програмата:
ЦЕПС ја лансираше ENGAGE програмата за стипендисти со поддршка од Иницијативата за отворено општество на Европа (OSIFE). Оваа наменски дизајнирана програма, преку дебата за политики на ниво на ЕУ, ги поврзува научната заедница, тинк тенк организациите и граѓанскиот сектор од земјите од Централна и Источна Европа и од Западен Балкан,. Едногодишна ENGAGE  Програма се состои од обуки, студиски посети, организирање на јавни настани и пишување на документи за политики. Програмата ќе кулминира со активно учество на селектираните стипендисти на ЦЕПС Ideas Lab 2018 година. Во моментот,  ENGAGE Програмата за стипендисти е затврена за апликации.

Лица за контакт:

Leonhard den Hertog, ЦЕПС; електронска пошта: leonhard.denhertog@ceps.eu и

Марјан Николов, ЦЕА, електронска пошта: makmar2000@yahoo.com

Целосниот флаер може да го симнете овде: флаер

Линк за регистрација на настанот Овде