Ова истражување е спроведено во рамки на проектот Општествена интеракција и економско зајакнување на младите кој го спроведува ЛАГ Преспа во партнерство со ЦЕА.
Целта на ова истражување е да обезбеди детален преглед на потребите и барањата на младите од Ресен, интересите во одредена област за надоградување на нивните вештини и дополнително нивните ставови за создавање услови за интеграција и социјална кохезија преку дружење во обезбеден и опремен простор наменет за млади. Дополнително, идентификување на потребите на младите од Ресен од аспект на социјалниот живот, забава и дружењето и условите кои ги нуди нивното место на живеење.
Целата публикација е достапна на следниот линк: Мапирање на потребите и интересите на младите во образовниот процес од општина Ресен.
Оваа публикација е изработена во рамки на проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)“ којшто е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на оваа публикација како и наодите што се изнесени во неа одговорни се исклучиво ЗРР Локална Акциона Група – ЛАГ Преспа и Центарот за економски анализи од Скопје и не значи дека ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).