ЦЕА како спроведувач на два проекти од грантовата шема “Поттикнување на социјална инклузија„ во текот на изминатите две години учествуваше во проектот “Техничка помош во управување и мониторирање на проекти„ од истата грантова шема, поддржани од Европската Унија. По низата обуки двајца членови на ЦЕА се здобија со сертификати за Лидерство и менаџмент како и Менаџирање со грантови.
Сертификатите беа доделени на свечен настан, на кој имаше и излагање еден од многуте крајни корисници на проектот “Создавање можности за вработување на младите од руралните средини” во имплементација на ЦЕА и ФФРМ.
Исто така на мини саем, беа претставени публикациите кои произлегоа од проектите.