АПСТРАКТ

Целта на ова истражување е преку краток осврт на кредитирањето на земјоделството во Република Македонија да се утврдат состојбите и проблемите со кои овој процес се соочува, а кои влијаат на ограничување на кредитирањето на целната група. Од овој проект ќе произлезат одредени препораки за тоа како тие недостатоци да се отстранат што во крајна линија ќе влијае на зголемување на квалитетот и квантитетот на кредитните активности на банките насочени кон земјоделците. Истражувањето е плод на соработка на две невладини организации: Федерација на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) и Центарот за економски анализи (ЦЕА) кои овозможувајќи дијалог помеѓу финансиските институции и земјоделците има за цел да ги приближи нивните ставови заради взаемна корист.

Клучни термини: кредитирање, земјоделство, проблеми во кредитирањето, финансиски институции, земјоделство, препораки.

Превземи цел документ: Кредитирање во земјоделството – состојби и перспективи.